АМСМ: На граничните премини со Грција се чека до 1 час

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти Автомотосојузот во редовниот извештај за состојбата на патиштата.

АМСМ извести дека на граничните премини Богородица и Дојран поради зголемената фреквенција на возила, за влез во државата можни се чекања од околу 30 минути до 1 час, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари