АМСМ: Магла во Крушево, сообраќајот на останатите патиштa се одвива нормално

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има во Крушево, каде видливоста е до 100 метри, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15 март, потсетува АМСМ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари