АМСМ апелира за внимателно возење на патот Струга – Ќафасан поради дупки на коловозот

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат попладнево од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму додаваат дека слаб дожд врне во Крива Паланка, Страцин и Неготино. Покрај тоа, од АМСМ предупредуваат дека на патниот правец А2 Струга – граничен премин Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до селото Франгово (во должина од 3 километи) потребно е исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е и соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 километри на час.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари