Амди поткупува за гласови, доби политичка аболиција и децата му се вратија во Македонија (ВИДЕО)

Лидерот на Обединета партија за еманципација на Ромите (ОПЕР), Неждет Мустафа, денеска на прес-конференција во општина Шуто Оризари го изрази незадоволството по одлуката Амди Бајрам со неговата партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ) да влезе во владината коалиција.

Притоа, Мустафа истакна дека Амди Бајрам признал дека самиот тој е промотор на поткупување на ромските гласови.

Додаде и дека Бајрам 20 години со блеф го претставува ромскиот народ на политичката сцена во Македонија.

„На кој начин влегува Амди Бајрам и што е неговиот интерес по секоја цена да биде дел од владината коалиција", јавно запраша Мустафа. Потоа, констатираше дека Бајрам не може да живее без власта и кажа дека веднаш по договорот со СДСМ сите деца на Бајрам кои биле во странство се вратиле во Македонија.

Претседателот на Обединета партија за еманципација на Ромите, исто така подвлече дека со влегувањето на Бајрам во Владата практично се прави негова политичка аболиција.

„Сакаме да докажеме дека тој речиси на секои локални избори во Шуто Оризари е губитник. На последните избори се докажа дека тој тука е оголен и дека своето членство го задржува само со режим. Свесен е дека ако не е во коалиција, ако не е во власта, нема партија", истакна Мустафа.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари