НАСИЛСТВО ВО Шуто Оризари

Амди Бајрам: Син ми е удрен со секира и со шипка по глава

Син ми го качија на одделение. Ме препозна. Тој е тешко повреден откако бил идрен по глава со секира-пренесува плисинфо.мк изјава на пратеникот Амди Бајрам.

Нападнат и повреден актуелниот градоначалник на скопската општина Шуто Орузари и кандидат за истата функција на претстојните локални избори, Елвис Бајрам.

Тој со тешки повреди на главата е пренесен во Градската општа болница „8 Септември", а повреден е и неговиот шеф на кабинет Аднан Мемет.

Пратеникот Амди Бајрам во кругот на Градската болница „8 Септември" видно вознемирен чекаше да дознае од лекарите за здравствената состојба на неговиот син Елвис Бајрам, актуелниот градоначалник на скопската општина Шуто Оризари. Тој попладнево беше претепан во физичка пресметка во општината.

- Син ми го качија на одделение. Ме препозна. Тој е тешко повреден откако бил идрен по глава со секира и со шипка - рече Амди Бајрам.

Според директорот на ГОБ „„8 Септември" Христијан Костов, Бајрам е надвор од животна опасност. Tој наведе дека бил удрен со тап предмет по главата во пределот на челото и нагоре, имал рана од осум сантиметри што му била сошиена со шест конци.

Бајрам бил нападнат додека со кандидатите за советници бил во посета на граѓаните на Шуто Оризари во рамките на предизборната кампања. Членот на изборниот штаб, Аднан Мемет кој е и една од жртвите изјави дека биле нападнати пред штабот на противкандидатот на Бајрам, Курто Дудуш. Неколку непознати лица најпрвин почнале вербално да ги навредуваат, по што ги нападнале физички со тупаници, секири и метални прачки.

Елвис Бајрам поради сериозноста на повредите е задржан на лекување во градската болница „Осми септември", а пред болницата се насобрани негови поддржувачи. Зголемено е и полициското присуство.

Од МВР потврдуваат дека до инцидентот дошло при тепачка на две групи. Полицијата е на терен и по извршениот увид од министерството најавија повеќе информации.

Поврзани

Најнови вести

Коментари