ПРЕПУКУВАЊА ВО ТЕНЗИЧНАТА ДЕБАТА ЗА РАСПУШТАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТОТ

Амди Бајрам до Макрадули: Јас сум за тебе Кока-Кола!

Вие сте само 18 пратеници, цел СДСМ вредите само 18 пратеници, во Парламентот кој сакате да распушти дури 82 пратеници од владеачката коалиција. Самото ова ви кажува дека блефирате и играте мајтап со јавноста изјави пратеникот Влатко Ѓорчев во тензичната дебата во Собранието

Да се кладиме дека доколку сега излеземе на улица мене ќе ме поздрават 100 луѓе, а тебе никој. Јас сум бре за тебе бренд, јас сум за тебе Кока-Кола, му рече пратеникот Амди Бајрам на Јани Макрадули од СДСМ, во завчерашната тензична атмосфера во собраниската дебата по предлогот на опозицијата за распуштање на Парламентот. Тој прво и порача на опозициската СДСМ да не се подготвува за предвремени, туку за редовни избори кој, како што им "откри" ќе се одржат на 2.2.2012 година. Бајрам и порача на СДСМ дека дури и да има предвремени избори повторно убедливо ќе изгубат бидејќи нема рејтинг меѓу народот. Бајрам на неколку пати директно му се обрати на пратеникот на СДСМ Јани Макрадули со зборовите дека е одвратна личност која никој не ја познава.

Неговото обраќање предизвика остра реакција на пратеничката група на СДСМ која побара од собраниската служба да ги симне стенограмите од обраќањето на Амди Бајрам и тој да му се извини на својот колега Макрадули. Инаку вчера попладне Собранието ја продолжи дебатата околу иницијативата на опозицијата за распуштање на Парламентот. Беше извесно дека мнозинството ќе ја отфрли иницијативата за предвремени избори.

(Д.С.)


Поврзани

Најнови вести

Коментари