logo
logo
logo

Аман Филипче не менаџирај кога ти го водиш здравството има по неколку десетици мртви на ден

Vecer | 17.09.2021

Аман Филипче не менаџирај кога ти го водиш здравството има по неколку десетици мртви на ден

Аман Филипче не менаџирај кога ти го водиш здравството има по неколку десетици мртви на ден. Аман Филипче не менаџирај повеќе кога резултатот е 14 мртви од пожар, се вели во партиската реакција од ВМРО-ДПМНЕ, по одржаната прес-конференција на се уште актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

- Немој да менаџираш и да работиш кога објектите за кои распишуваш тендер горат за 3 минути со живи луѓе внатре. Филипче немој не се мачи да менаџираш кога ниту противпожарни апарати не си стигнал да поставиш во модуларната болница во Тетово.

Аман Филипче не работи толку, 5 месеци вакцинацијата закасни заради тебе. Од толку што работиш Филипче над 6000 луѓе починаа од КОВИД. Не менаџирај кога имаш десетици мртви на ден. Немој Филипче се преработи од менаџирање луѓе за кислород умираат во болници. Доста го менаџираше здравството, цела нација проплаче од твоето менаџирање, се вели уште во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk