logo
logo
logo

Алтернатива: Шпенд Тахири е протагонист на откривање на бегството од затворот во Идризово

Vecer | 22.03.2023

Алтернатива: Шпенд Тахири е протагонист на откривање на бегството од затворот во Идризово

Од Алтернатива реагираат дека сегавеќе поранешниот директор на КДП Идризово, Шпенд Тахири е протагонист на откривањето на фамозното бегство од затворот.

Тие велат дека вчерашната акција во затворот во Идризово, што резултираше со откривање на еден тунел кој бил ископан долго време за бегство на затворениците, е токму резултат на ангажманот на директорот на АлтернАтивА таму, Шпенд Тахири.

„Затоа, да се каже дека директорот на затворот Идризово е сменет како казна не само што е недолично, туку е и неблагодарно кон човекот кој до последниот ден на својата работа работел без ниту една афера и без ниту едно обвинение од никого за неговата коректна работа.

За жал, повеќе благодарни за неговата работа се нашите меѓународни пријатели отколку нашите државни институции.

Како и да е, токму благодарение на совесното менаџирање на затворската институција од страна на Шпенд Таири беа откриени, фатени и санкционирани безброј обиди за бегства и внесување на наркотични средства во затворскиот круг, вклучително и овој последниот, кој е круна на неговиот успех.

Всушност, ова акција во Идризово се подготвувал

подолго време и ќе биде запишана како историски успех на директорот на затворот во Идризово. За жал, Министерството за внатрешни работи се кити со туѓи перја – сака

да придобие од работата на некого кој и со жртвување на својот и животот на своето семејство работел достоинствено и со најголема професионална совест во институција која можеби е најтешка за менаџирање во државата.

За информација на јавноста, Шпенд Тахири е сменет само заради тоа што бил кадар на АлтернАтивА. Но, се чини, дека нарцисите од династијата на ДУИ и недостојните за договори од СДСМ, очигледно се алергични на критики.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk