Алтернативата нема потреба да преговара со Алијанса. Јасно е дека нивната улога во моментов е да го амортизираат расколот во ДУИ. Тоа е нивен избор. Но, логично е тој што е во неволја да биде спремен да надомести со ослободување на дел од ресорите што моментално ги води… Во исто време не ја прифаќаме тезата дека бидејќи Алтернатива има помалку пратеници од Алијанса, треба да плати политичка цена со кадровски отстапки, велат од Алтернатива, во врска со евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во влада.

Од Алтернатива упатуваат и порака до Ковачевски: „Доколку не се испочитува политичкиот договор со Алтернатива до крај, зошто некој друг би верувал дека вреди да се стане партнер со оние кои не ги исполнуваат своите обврски?“

Алтернатива го испрати овој сигнал и до Таравари.

Од друга страна, од ДУИ, која се смета за иницијатор за проширување на владиното мнозинство со Алијанса, нема одговор ниту за преговорите, ниту за местата што би било спремна да ги отстапи