logo
logo
logo

Алтернатива – Бутел нема соработка со Велимир Смилевски и СДСМ

Vecer | 26.09.2021

Алтернатива – Бутел нема соработка со Велимир Смилевски и СДСМ

По објавите на социјалната мрежа Фејсбук дека, наводно, Алтернатива во Бутел одлучи да го поддржи актуелниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски, на локалните избори, должни сме да ја известиме јавноста дека официјалните соопштенија на огранокот на Алтернатива во Бутел се објавуваат само на овој профил и само тие се официјален став на партијата.

Ние не му забрануваме на никого да се сретне и да се фотографира со кого сака и да се договори што сака, но огранокот на Алтернатива во Бутел и претседателот на истиот, Самир Исени, ниту се сретнале со Велимир Смилевски ниту изразиле поддршка преку некој друг.

Како што е информирана јавноста, на овие избори сме во коалиција со Алијансата за Албанците и имаме договори за меѓусебна поддршка со некои други партии, во зависност од општината каде се води трката. Исто така, ние како коалиција ја поддржуваме независната кандидатура на Данела Арсовска за Град Скопје, а она што е веќе сигурно и во што сме убедени е дека Велимир Смилевски не ја ужива нашата поддршка. Манипулациите што ги направи во текот на овој мандат и неисполнетите ветувања што им ги даде на жителите на Бутел, особено на оние на село Љуботен и оние од населба Визбегово, се доволна причина за да бидеме сигурни дека тој не заслужува втор мандат.

Известувајќи ја јавноста дека одлуките на Алтернативна во Бутел ги носи раководството и Собранието на огранокот Бутел, ги повикуваме сите поддржувачи и симпатизери на коалицијата Алтернатива-Алијанса за Албанците да бидат мирни, бидејќи ниту една лична фотографија нема да ја извиси нашата цел за победа во Бутел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk