Алсат – М открива: Руски службеници низ Македонија агитираат референдумот да не успее

Високи руски службенци се дојдени во Македонија непосредно пред референдумот тврди Алсат М која цитира извори во безбедносните органи од кои дознава дека неколку функционери од Русија веќе неколку дена се движат низ земјава.

Според телевизијата иако нивните активности официјално не се познати, неофицијално се дознава дека нивната дејност може да биде ангажман против референдумот.

Доверливи извори за Алсат соопштуваат дека лицата им се познати за органите, но тие не споделуваат детали за тоа која е конкретно нивната активност: Средби со граѓани, со политички претставници, пропаганда или ширење дезинформации.

Молчи и Одделот за анализа и истражување при Управата за безбедност и контраразузнавање. Од МВР односно УБК не споделуваат детали околу анализите за руското влијание, можното интензивирање на руските активности и заканувачките индикации кон референдумот. Секторот за внатрешни работи кратко соопшти дека сè е под контрола, се вели во тврдењето на Алсат М.

"Податоците што ги обезбедивме говорат за рекорден број на влегувања на руски и украински државјани во Македонија во текот на месец јули. Околу 5.400 Руси и 6.000 Украинци се влезени во Македонија без временска одредница. Иако поголемиот број од нив се претставиле како туристи, голем процент говори за лица кои се дојдени за политички, културни, верски активности, за учество на конгреси, обуки или семинари, како и за трговија и соработки од разни области. Во извештајот кој го обезбеди Алсат-М, Одделот за анализи и истражување при УБК дава вознемирувачки податоци. Во него се вели дека главно по 2016 година, организирани групи воглавно поранешни агенти на руската КГБ, извршувале политички и верски активности во Македонија, а не се запоставувала ниту пропагандата, тврди Алсат М во својата информација.

Оддел за анализи и истражување во УБК:

Имајќи ја во предвид стратегијата на Русија за Балканот за воена неутралност над сите православни земји, посебен интерес изразиле државните политики во насока на зачленување во НАТО. Со цел придобивање на 'симпатии' кај македонската јавност, руските дипломати водат политика на 'словенски корени' каде без прекин се потенцираат традиционалните, историските и верските врски, како и заедничката култура на македонскиот и рускиот народ."

Во извештајот се констатира функционирањето на руската агенција ФССБ во Македонија и неколку нејзини активности во Битола, Дебар и Скопје. ФССБ, според извештајот, има соработка и со нејзините сестрински организации во регионот, како Србија, Босна и Црна Гора. Загриженост поради руското влијание во Македонија изрази и американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис кој пред неколку дена по ставот на Руската амбасада, во интервју за меѓународни медиуми, истакна дека е загрижен поради можното влијание на Русија во референдумскиот процес и за време на процесот на гласање.

Извор: АлсатМ

Фото: илустрација

Поврзани

Најнови вести

Коментари