logo
logo
logo

АЛКОХОЛ ПО ВАКЦИНА ИЛИ НЕ, д-р Даниловски ја реши дилемата

Vecer | 23.04.2021

АЛКОХОЛ ПО ВАКЦИНА ИЛИ НЕ, д-р Даниловски ја реши дилемата

„Во Обединетото Кралство, неодамна, експертите ги советуваа луѓето да избегнуваат пиење алкохол неколку дена пред и по примање на вакцината против ковид-19 (АстраЗенека), вели д-р Драган Даниловски за доктори.мк.

Наводно, за да се добие адекватен одговор на вакцината, потребно било имунолошкиот систем да функционира беспрекорно, па ако се пие алкохол, тоа можело да ги искомпромитира работите.

Исто така, во Русија осамна изјава на официјален здравствен претставник, според која оние кои ја примиле вакцината Спутник В требало да се воздржат од алкохол два месеци, вели Даниловски.

Но додава дека науката вели: Не постојат докази дека алкохолот во умерени количини го намалува формирањето на антитела!

Ако сепак сакаме да го прославиме примањето на вакцината (по можност дома), да останеме во рамките на препорачаните упатства за безбедно конзумирање алкохол – два пијалаци за мажи и еден за жени.

На здравје, напиша Даниловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk