logo
logo
logo

Алкалоид, долга и успешна македонска приказна

Vecer | 21.09.2021

Алкалоид, долга и успешна македонска приказна

Македонија нема многу успешни бизнис приказни. Имало големи и респективни компани, познати и надвор од државата но, трансформацијата, транзицијата на почетокот на деведесеттите уништи најголем дел од нив делумно заради тоа што не успејаа да се прилагодат на новите услови, немаа менаџерски кадри и технологии, немаа визија за новото време.

Алкалоид успеа да ги надмине тие предизвици. И, не само што успеа, во новите пазарни услови компанијата покажа нов потенцијал и, видлив рејтинг на квалитетот и позиционирањето надвор од Макеоднија, Накусо, успешната приказна Алкалоид по транзицијата продолжи со уште подобри резултати. Во индистрија каква што е фармацијата, која се темели на многу знаење и екстремно потенцирана посветеност за да се тркате со најголемите во регионот и во светот, растот во бизнисот е двојно по вреден отколку во другите индустрии.

Која е приказната за Алкалоид, кој денес слави 85 години континирано постоење.

Алкалоид започнал со работа на 15 август 1936 година, со два погона и само со 15 работници, кои произведувале 350 килограми фармацевтски суровини. Десетина години подоцна, фабриката го зголемила обемот на производството за десетпати.

Во 1957 година започнал да работи галенскиот погон за производство на лекови. Во 1967 година бил воведен брендот „Прокулин“. Во 1970-тите била пуштена во погон новата фабрика на површина од 7.000 квадратни метри при што се интегрирале Фабриката „Билка“, Фабриката за производство на хемикалии и фотоматеријали „Лафома“ и фабриката за сапуни и козметика „Цветан Димов“. Во 1978 година започнала продажбата на брендот „Бекутан“.

Кон крајот на 1980-тите, раководството на Алкалоид, на чело со Трајче Мукаетов (кој бил назначен за директор во 1985 година) го започнал процесот на реорганизација, а темелите на современото корпоративно управување биле поставени во 1994 година.

Во тоа време, со финансиска поддршка на Европската банка за обнова и развој и Меѓународната финансиска корпорација, Алкалоид почнал голем инвестициски циклус. Во 2003 година, „Алкалоид“ ја пуштил во употреба новата микробиолошка лабораторија, во 2005 година нова хемиска лабораторија, во 2009 година бил отворен Институтот за истражување и развој, во 2014 година била отворена лабораторијата „АлкаЛаб“ во Љубљана, а во 2016 година бил основан Центарот за контрола на квалитетот.

До 2007 година компаниајта, дотогаш предводена од Трајче Мукаетов, бележи контонуиран раст секоја година во однос на претходната, без кризи и падови во развојот на компнаијата.

Како израз на општествената одговорност, во мај 2007 година била основана Фондацијата „Трајче Мукаетов“, која досега стипендирала над 500 студенти по фармација и медицина на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а дел од нив се вработиле во Алкалоид.

Од 2007 година, па натаму, компанијата ја предводи Живко Муакетов и успева да ги зголеми капацитетите, ширењето на пазарот на  компанијата надвор од државата, и што е најважно Алкалоид да држи чекор и напредува според новите технологии и научни достигнувања во фармацијата во време кога десетици порано врвни фармацевстки компании од поранешна Југославија пропаѓаат.

Во 1998 година, Живко Мукаетов ги завршил постдипломските студии по маркетинг и менаџмент во Лондон. Менаџерската кариера на Мукаетов започнала во септември 1999 година, кога бил поставен за раководител на проектот за маркетинг во Алкалоид, а во 2003 година бил назначен за директор на маркетинг и продажба на профитниот центар во Франција.

Живко Мукаетов бил и член на одборот на директорите на организацијата „Македонија 2025“. Во 2017 година, во рамките на одбележувањето на 95-годишнината од основањето на Стопанската комора на Македонија бил формиран Македонско-српски деловен совет, а за негов прв претседател бил назначен Живко Мукаетов.

Во 2016 година, „Алкалоид“ бил водечко фармацевтско друштво во Македонија и шесто по големина во Југоисточна Европа, со 1.600 вработени, од кои 1.200 во Македонија и над 300 во странство.

Изминативе 15 години фармацевтската компанија Алкалоид има инвестирано 200 милиони евра во производни капацитети, технологија, лаборатории, истражување и развој, како и во континуирана едукација на своите вработени. Тоа ги прави најуспешна македоснка компанија, во контнуитет, особено во последнава деценија.

Денес, 85 години подоцна, Алкалоид има околу 60.000 метри квадратни производни погони и над 2.500 вработени во базата во Скопје и во 20-те подружници распоредени во 15 земји во светот.

Акциите на Алкалоид се едни од најтргуваните акции на Македонската берза за хартии од вредност, а друштвото има регистрирани над 5 100 акционери. Компанијата важи за еден од најголемите плаќачи на данок во државава, со платени даноци кон државава во 2020 година во износ од над 18,25 милиони евра и во моментов има активни 1 130 домашни доставувачи.

Во оваа втора по ред пандемиска година исполнета со бројни предизвици и неизвесности би сакал да се заблагодарам на сите генерации членови на големото семејство алкалоидовци за посветената работа и натчовечките напори вложени за непречено одвивање на процесите. Главни приоритети на Алкалоид и понатаму ќе останат грижата за вработените, акционерите, животната средина, деловните партнери, здравствениот систем и здравјето пред сѐ“, порача првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов, во своето обраќање.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=jpidE7GEGsY[/embed]

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk