logo
logo
logo

“Пазар 3“ влада

Тарвари добива два министри, три директори... КУЌАТА ВО КАРПОШ МУ Е БОНУС

Vecer | 07.02.2023

Тарвари добива два министри, три директори... КУЌАТА ВО КАРПОШ МУ Е БОНУС

Челните места во министерствата за правда и за здравство, вицепремиерско место, заменик-министри во ресорите земјоделство и одбрана и директори на Царинската управа, на Управата за јавни приходи и на Финансиската полиција најавуваат извори од Алијанса на Таравари, иако вечерва СДСМ демантираше за отстапување на директорските места во Царина и УЈП.

Ова е пленот на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од преговорите за влегување во владата на СДСМ и на ДУИ, тврди ТВ21. Денеска Ковачевски потврди дека разговорите со Алијанса „во добар дух и во атмосфера насочена кон постигнување договор“ се приведуваат кон крајот.

Таравари, сепак, дава претпазливи изјави:

– Верувам дека денеска или утре договорот ќе биде конечно финализиран и тогаш официјално ќе го објавиме. Мислам дека договорот треба да биде целосно завршен за потоа да го презентираме. Сметам дека би било некоректно да кажеме нешто, а утре да се промени – вели тој.

ТВ21 шпекулира дека партијата Алтернатива на Африм Гаши сѐ уште нема одлучено дали ќе остане или ќе се повлече од мнозинството, поради, како што велат, непочитување на договорот.

Но, добро упатени извори велат дека ако ДУИ го одобри конечниот договор меѓу Таравари и Ковачевски, што е речиси завршена работа, Гаши нема друг избор освен да остане во Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk