logo
logo
logo

Алијаса за Албанците: Владата е ШАМПИОН НА СКАНДАЛИ, ДЗР да ги истражи злоупотребите во Клиниката за онкологија и во другите клиники

Vecer | 07.12.2022

Алијаса за Албанците: Владата е ШАМПИОН НА СКАНДАЛИ, ДЗР да ги истражи злоупотребите во Клиниката за онкологија и во другите клиники

Оваа Влада, шампион на скандали, се обидува да ги релативизира и да ги прати во заборав истите. Ова е неколкугодишна практика којашто многу им штети на граѓаните и го нарушува имиџот на јавните институции, нагласуваат од Алијанса за Албанците.

-Универзитетската клиника за онкологија веќе неколку месеци ја тресе злоупотребата на лековите кои се применуваат на приватни пациенти во име на починати пациенти и со тоа незаконски се збогатува дел од раководството, но и други вработени во клиниката. Медицинскиот директор, д-р Нино Васев поднесе оставка, а организациониот директор Нехат Нухи и понатаму продолжува да ја врши функцијата, иако има одредени индиции дека и тој е дел од злоупотребите. Според информациите, група вработени ги претставиле како болни своите роднини со онколошки дијагнози C.34, D.64.9, C.34.9, наводно лекувани со скапи лекови, но никогаш не биле хоспитализирани и им недостасуваат патохистолошките резултати, со што уште повеќе се потврдува организираниот криминал, потсетува АА.

Алијанса за Албанците бара од Државниот завод за ревизија што поскоро да го истражи случајот и да се процесуира од страна на јавното обвинителство, со можност на проширување на истрагата и во другите клиники.

-Сето ова со цел за да се стави крај на овој ланец на криминал којшто многу му наштетува на итака нискиот буџет на здравствените јавни институции, реагира Алијанса.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk