logo
logo
logo

Алијанса за Албанците го помести вонредниот конгрес од 17 на 24 декември

Vecer | 08.12.2022

Алијанса за Албанците го помести вонредниот конгрес од 17 на 24 декември

Вонредниот конгрес за избор на нов претседател што го подготвува Алијанса за Албанците наместо првично предвиденото на 17 декември ќе се одржи една недела подоцна на 24 истиот месец. Причината е од технички карактер, поради зафатеност на објектот каде што беше предвидено одржувањето.

-Поради технички причини е промената, Домот за култура беше зафатен на 17 декември. Одлучивме Конгресот да го одржиме во Тетово, многу ни значи тоа. И го одложивме за една недела и ќе се одржи на 24 декември во Домот на култура во Тетово во 12 часот,  рече в.д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

Досегашниот потпретседател и вршител на должноста претседател Арбен Таравари е единствен кандидат за претседател на Алијанса за Албанците. На 21 август 2022 поради неповолните резултати од вонредните избори за Совет на Општина Тетово дотогашниот претседател Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците.

Алијанса за Албанците почна да се формира од 2015 година кога Зијадин Села како член на ДПА  го иницираше Движењето за реформи во ДПА. Потоа се формираше и партијата под името Алијанса за Албанците. На 27 март 2022 на вториот конгрес Села беше реизбран за претседател.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk