logo
logo
logo

Алијанса и Алтернатива заедно на локални ИЗБОРИ! Опцијата за соработка отворена

Vecer | 08.06.2021

Алијанса и Алтернатива заедно на локални ИЗБОРИ! Опцијата за соработка отворена

Алијансата за Албанците на претстојните локални избори ќе настапи во коалиција со Алтернатива, но останува отворена за соработка и со други политички партии.

Како што наведуваат извори во партијата на брифинг со новинарите раководството на АА нема да им го ускрати правото на нивните кандидати за градоначалници да коалицираат и да соработуваат со сите граѓани и политички партии.

Тие велат дека да се соработува во политиката не е лоша работа и нудат соработка, но останува на останатите партии да одговорат на таквата понуда и подадена рака.

Сепак, од партијата брифираат дека нема да дозволат да бидат вовлечени во „некакви каши“, нагласувајќи дека е дојдено време кога политиката треба да биде чиста работа за да се обезбеди чисто општество и почитување на правата на сите граѓани.

Алијансата за Албанците во наредниот период ќе ги утврди имињата на кандидатите за градоначалници, посочувајќи дека граѓаните можат секојдневно да видат како се менаџираат работите во оние општини со кои раководат кадри од нивните редови и да направат споредба со останатите.

Според партијата, со воведувањето на правилото за земање отпечаток од прст на гласачите на локалните избори ќе се оневозможи манипулација и злоупотреба со гласовите, што се оценува  како добра вест за промени во општеството.

Во однос на ребрендирањето на ДУИ, од Алијансата за Албанците сметаат дека станува збор за наменска постапка во пресрет на локалните избори, посочувајќи дека оваа партија ги менува ставовите согласно потребите.

АА не отстапува од Законот за државјанство и ја повикува Левица да покаже разум и одговорност и да ги повлече поднесените амандмани на ова законско решение и очекува пред пратениците тој да се достави со европско знаменце.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk