logo
logo
logo

Али Ахмети планира МАКЕДОНИЈА ДА ЈА НАПРАВИ КАКО ШВАЈЦАРИЈА, ама не како кантонизација

Vecer | 07.06.2021

Али Ахмети планира МАКЕДОНИЈА ДА ЈА НАПРАВИ КАКО ШВАЈЦАРИЈА, ама не како кантонизација

Откако во саботата на 19 роденден на ДУИ, лидерот на партијата Али Ахмети ја најави зелената агенда сега вели дека целта му е од Македонија да направи Швајцарија.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека уште во 2001 годинтва изјавил дека планира Македонија да ја направи како Швајцарија.

- Тогаш дел од македонските медиуми и политичари го разбраа тоа како провокација. Пишуваа и говореа дека планирам да ја кантонизирам Македонија. Еве сме денес, 2021, односно 20 години подоцна, Македонија е членка на НАТО. И денес зборувам да ја направам Македонија подобра земја за сите граѓани. Да имаме подобро образование, подобро здравство за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци и сите… рече  Ахмети.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk