logo
logo
logo

Али Ахмети: ВО ДУИ НЕМА ОГАН И НЕМА ДА ИМА

Vecer | 04.10.2022

Али Ахмети: ВО ДУИ НЕМА ОГАН И НЕМА ДА ИМА

Нема оган и нема да има во ДУИ тврди лидерот на оваа партија Али Ахмети по денешната средба во Мала Речица sсо тн. Огнена група.

Според Ахмети нема раскол во партијата.

По средбата која траеше неколку часа Ахмети најави дека на централното собрание на партијата, што е закажано на 15 октомври, ќе се разговара за политичката ситуација, ќе се избере ново Претседателство, но ќе следува и отчет од владините претставници на ДУИ.

- Денеска имавме разговор со долгодишните соработници со кои сум минал во многу важни процеси, во многу успеси. Разговаравме. Дебатата во суштина се враќа внатре во партијата. На 15 октомври ќе има централно собрание на кое ќе се разговара за политичката ситуација, ќе се избере новото Претседателство и ќе има отчет на владиниот состав на ДУИ, рече тој.

Додаде нема оган, нема пламен.

- Никогаш немало напори за истиснување, за војување или за гаснење на различното размислување и тоа е карактеристика на ДУИ. До вистинските одлуки секогаш сме доаѓале со меѓусебно почитување. Значи оган нема и нема да има, изјави Ахмети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk