Алфа ТВ ќе објави ексклузивни документи од преговорите за името

Во емисијата „60 минути со Горан Момироски" Алфа ТВ вечерва во 21.50 објавува досега необјавени документи од преговорите за името. Во нив се открива дали премиерот и владата ја говорат вистината кога зборуваат за огромен успех во зачувување на макеоднскиот идентитет, именување на нацијата и јазикот.

Во емисијата се зборува за дел од развојот на настаните за името во наредниве 6 месеци до најавената ратификација во грчкиот парламент како и за можноста некои од најавените чекори да бидат тргнати од предвидената агенда ако постои проценка дека се штетни за процесот.

Постои ли план за заобиколување на Советот за безбедност на ОН за да се повтори сценариото со времената спогодба со Грција која никогаш не беше ратификувана во парламентот во Атина?

Во емисијата во која ќе стане збор и за Колумбиското и Ирското искуства со конфликти и референдуми кои што експертите ги разгедуваат како урнек и во случајот со Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари