logo
logo
logo

Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на СE

Vecer | 24.01.2022

Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на СE

Во периодот од 24 до 28 јануари се одржува зимската сесија на Парламентарното собрание на Совет на Европа во хибриден формат заради состојбата со корона пандемијата.

На сесијата која почна утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е избран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Парламентарното собрание на Совет на Европа.

Овој избор значи дека Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа.

Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција, сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција, поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка.

Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на Македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото.

ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот Парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија пред се претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk