Македонски железници псоелдниве години е со лоши резулати. Прептијатието минатата година ја заврши со долг од над 65 милиони евра, а според извештај на Министерството за финансии,четвртиот квартал лани ја завршиле со загуба од над 8 милион евра. МЖ Инфраструктура е со дополнителна загуба од 1 , 5 милиони евра
Ова претпријатие со години се бори со финансиски проблеми и постојано од буџетот се прави дотур на пари, за да можат да платат сметки и да поделат плати.
Поранешниот премиер Заев, зборуваше и за приватизација на ова претпријатие.
Новата влада предводена од премеирот Христијан Мицкоски има намера да ги врати Македонски железници, особено делот на транспорт, повторно во живот и профитна работа како за превоз на луѓе така и за превоз на комерцијален терет.
Уште првите денови по промена на власта министерот за траспорт Александар Никлоски и министерот за односи со заедниците Иван Стоиљковиќ, кој како претседател на Демократската партија на Србите во Македонија работи на подготовка на соработка со српската влада, најавија прв крупен чекор во таа насока, а тоа е набавка на локомотиви од Србија кои Македонија ги нема за потреби на желеничкиот транспорт во замена за стари вагони.
Денешната делегација на работната посета на Србија беше во состав од три македонски министри: Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Иван Стоиљковиќ

Александар Николоски во својата изјава потенцираше неколку точки кои се од стратешко значење за македонската економија особено во делот на транспортот и поврзувањето со средна и западна Европа.
Денес сме во Белград да поставиме основи за нова соработка помеѓу Македонија и Србија со економски и политички содржини, пред се во создавањеу слови за вклучување на Македонија во транспортниот тек со брзите пруги од Атина до Солун кои, потоа, премнуваат од Солун до Скопје и продолжуваат понатаму низ Србија и Унгарија до Австрија.
За таа цел која јас ја најавив и претходно, потребно ни е и изгрдаба на железнички систем во кој транспортот би се одвивал со брзина и до 200 километри на час, би имале ефикасен систем кој би не вкучил во современи економски токови и економиите на централна и западна Европа и би придонел во економскиот раст.
Изјавата на министерот Николоски целосно можете да ја видите во видео прилогот:
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата