logo
logo
logo

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Vecer | 04.08.2021

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално престојувал во државата, поради сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.

Како што информираат од МВР, тој ќе биде задржан за понатамошна постапка.

Едно лице е осомничено и за пожарот во Старо Нагоричане и полициските службеници веќе постапуваат во координација со јавен обвинител.

МВР работи и на расчистување на случај во кој се осомничени две лица, за предизвикување пожар од поголеми размери пред село Блаце кон Катланово. Од полицијата велат дека благодарение на брзата интервенција, обидот бил осуетен, а со тоа е спречено распламтување на пожарот.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

Предизвикувањето на пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело за кое е предвидена и затворска казна до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици, потсетуваат од ресорното министерство.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk