logo
logo
logo

Албанец баран од Интерпол за шверц на кокаин за „две минути“ добил македонски ПАСОШ

Vecer | 11.06.2021

Албанец баран од Интерпол за шверц на кокаин за „две минути“ добил македонски ПАСОШ

На 16 октомври 2018 година во 12.07 часот Елвис Влади, држајанин на Албанија, влегува во просторија од управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи, се фотографира, остава отпечаток од прст и утредента добива македонски пасош на име Селами Хоџа, oбјави „Мкд.мк

На 19 октомври истата година и на 4 јули наредната со македонскиот пасош излегува од Македонија. Во тоа време по него веќе има две меѓународни потерници. Во преминувањето на границите и покрај потерниците сигурно не му помогнале службениците на МВР осудени за издавање пасоши во аферата „Двојник“, која опозицијата ја нарече „Мафија.

- Во март 2019 година, околу девет месеци по исчезнувањето на Елвис Влади, Обвинителството за сериозен криминал во Тирана доби копија од договор (3 април 2018 година) меѓу Елвис Влади и Бледар Фејзо, претставник на германска фирма БХФ консалтинг за набавка на парцела на плажата Семан во општина Фиер на албанското крајбрежје. Семан е неразвиена зона на крајбрежјето, загадена од локалната индустрија за нафта. По сведочењето на германскиот државјанин Карло Ризато дека тој му ги дал парите на Влади, обвинителството го преквалификува делото и го обвини Влади за „непријавување на пари на граница при влез во Албанија”, пишува „Мкд.мк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk