Аларм: За третина зголемен малолетничкиот криминал

За една третина е зголемен бројот на малолетници кои извршиле кривични дела од областа на крвни деликти и и насилен криминал, а зголемен е и бројот на кривични дела убиство и убиство во обид, покажува статистиката на СВР Скопје за 2017 година.

Очигледно дека овој тренд продолжил и годинава, ако се имаат во предвид неколку случаи, од кои еден заврши со убиство на Никола Саздовски, како и прободувањето на З.Т.(17) на „Рекорд", кој го преживеа нападот, а неговите напаѓачи, исто така малолетници веќе се осудени.
Речиси на секој два до три дена во билтенот на МВР има регистрирано случаи на напади со нож или тепачки во кои учествувале и малоленици. Таков е и последниот случај од 15.07.2018 година кога Љ.Р.(32) додека бил пред неговата куќа бил прободен неколку пати со нож во левата рака од С.Х.(18), кој се обидел да нападне и роднина на повредениот.

Според статистиката, во областа на насилниот криминал и крвните деликти последните три години во континиитет е регистрирано намалување на кривичните дела, при што во 2017 година намалувањето е за 3,4 отсто, а во 2016 година во однос на 2015 година намалувањето е за 8,17 отсто. Бројот на регистрирани кривични дела извршени од непознат сторител е идентичен со 2016 година, но притоа ефикасноста во расветлувањето изнесува 28,57 отсто или за 1,71 отсто повеќе.

За извршените кривични дела пријавени се вкупно 370 лица, а она што е значајно е дека од нив 61 е малолетник, што е зголемување од 32,6 отсто на сторители под 18 години во однос на 2016 година. Во 2017 година 48,1 отсто од извршителите на насилниот криминал и крвните деликти се повторници, додека нивниот удел во вкупни кривично пријавените лице во 2016 изнесувааше 53,28 отсто.

Лани биле регистрирано намалување на кривичните дела учество во тепака, силување и силување во обид, додека пораст има кај убиства и убиства во обид од кои три при семејно насилство.
Од вкупниот број на убиства и убиства во обид само 4 се изврешени од непознат сторител при што две од нив се расветлени. При тоа за вкупно 22 кривични дела пријавени се 18 лица, од кои еден малолетник и од кои 8 се повторници извршители.

Зголемување има и кај кривични дела предизвикување на општа опасност за 17,3 отсто или 13 кривични дела повеќе од 2016 година, и напади врз службено лице при вршење работи на безбедноста или за девет кривични дела повеќе во однос на една година претходно.
За сите наведени дела од областа на крвни деликти, кривично се пријавени 193 лица, од кои 24 малолетници, а 108 се повторници.

Поврзани

Најнови вести

Коментари