Скандал до скандал во Министерство за култура и градот Скопје

Алаѓозоски и Шилегов ќе ја соборат владата!

ВМРО ДПМНЕ, што од субјективни што од објективни причини, е замрено. Опозиција во моментов во Македонија нема. Од друга страна факторите му дадоа на СДСМ бришан простор да прави што сака, и тие тоа го злоупотребуваат до максимум: бракања од работа, условувања на фирми, кревање даноци без анализа и образложенија... но, она што го прават гарадоначалникот на Скопје Шилегов и министерот за култура Алаѓозоски ја загрозува владата и ја урива повеќе и од опозицијата кога би ја имало.

Сегашната влада не ја дочека ни првата пролет, а веќе е до гуша во скандали за корупција. Градоначалникот Петре Шилегов отвара една автобуска постојка, а во градот Скопје има речиси 300 такви, со музика и свечености што укажува дека за него е тоа настан од прва категорија, и дека нема друга функционална понуда за граѓаните која треба да им подобри услови за живот во Скопје од - отварање автобуска станица! Ако е тоа се што има Шилегов, и ако е тоа вредно за внимание, нема баш многу.

Освен ова, Шилегов најави дека за уривање на рестораните-галиите на Вардар градот ќе потроши дури 8 милиони евра. Дали треба или не да се уриваат е друго прашање, но ако веќе се уриваат со обесштетување тоа не може да биде поголемо од нивната вредност која не е поголема од 2 милиони евра, и разликата од 6 милиони евра е во најмала рака предмет на основано сомневање за корупција дека тие пари нема да завршат каде и за што што се најавува. Ако се види дека со 6 милиони евра можат да се изградат и уредат најмалку 2 големи училишта со вкупно 5-6.000 квадратни метри, а не да се урнат две галии, ресторани, јасно е дека зад намерата нема чисти сметки.

Министерството за култура го раководи, барем формално, Роберт Алаѓосоки од невалдиниот сектор близок до партијата на власт, заедно со неколку лица силно компромитирани во јавноста кои во минатото го оцрнија владеењето на СДСМ до ниво што заради ваквите ликови партијата седеше 11 години во опозиција: Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев, Фрчкоски, Владимир Милчин, Рамадан Рамадани... На првиот конкурс за доделување државни пари падна и илузијата дека се сите тие таму формално, или некои како Љубомир Фрчкоски неформално, за да се заврши работата која е регулирана со закон и јавен интерес. 

Се доделуваат пари за театри, и тоа само за албанските во Скопје и Тетово. Речиси 100.000 евра се доделени за младата режисерка Нела Витошевиќ која зад себе нема друга референца освен дека и таа е една од главните активисти на протестите на т.н. шарена револуција. Се доделуваат пари за сунет, како национална традиција, 3.000 евра “субвенција“ за дете кое пее песни за УЧК, 11.000 евра за Арлинд Хусеини кој, патем, е државен секретар во истото министерство за култура. Се раздаваат државни пари без систем и логика, на свои вработени, по етнички клуч и за раздолжување кон оние кои ги организирале и предводеле партиските протести. Во јавноста има силни негативни реакции за сето ова, дури и од афирмирани членови или поддржувачи на СДСМ.

Пример за реакциите е и последната на Ивор Мицковски, поранешен директор на Центарот за комуникации на СДСМ.

Според Мицковски неверојатна сума од 660 илјади денари му била доделена на шефот на кабинет на државниот секретар во министерството за култура. Станува збор за Арлинд Хисеини по професија каратист, шеф на кабинет на државниот секретар во министерството за култура Владимир Азири. Ова не е единствен случај на претпоставка за основано сомневање во корупција при доделувањето на пари од министерството за култура.

Имено уметникот Тони Васиќ, историчарката на уметност Ивана Васева и драматургот и новинар Сашо Кокаланов се меѓу лицата чии проекти ќе добијат пари од државата, а самите беа членови на комисиите кои одлучуваа за проектите во Годишната програма на Министерството за култура.

Мицковски на својот твитер профил вели: ,,Култура, позор, крах... Продолжувам со бламот. Ова се државниот секретар во Мин за Култура, Валмир Азири, (со брадичката), и неговиот шеф на кабинет Арлинд Хисени, инаку каратист по професија. Е па вториот добил 660 илјади денари на конкрусот.''

Македонија, во мементов, нема опозиција но повеќе од опозицијата за уривање на владата работа вршат градоначалникот Петре Шилегов и минситерот Роберт Алаѓозоски а кога, еден ден, опозицијата ќе застане на нозе сите овие, и други вакви дејствија, нема да бидат заборавени. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари