logo
logo
logo

Активни на корона се 5.699 лица - ОВА Е СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Vecer | 21.10.2021

Активни на корона се 5.699 лица - ОВА Е СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје од вчера, биле направени 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи со Ковид-19 и тоа најмногу од Скопје – 230, Куманово – 50, Штип – 28.

Регистрирани биле 15 починати лица, од кои девет од Скопје, три од Куманово и по едно починато лице од Валандово, Кичево и Прилеп. Сите пријавени лица се починати во болнички услови соопшти Министерството за здравство. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 23.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се четири починати лица од Скопје и Велес, на возраст од 33 до 83 години. Од пријавените лица, четири се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.

Од Министерството за здравство соопштија дека регистрирале и 1487 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.351.460 тестирања на Ковид-19.

Продолжува и вакцинирањето против Ковид-19. Министерството за здравство оценува дека вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Вакцинација се одвива во постоечките пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и се достапни за сите кои сакаат да се вакцинираат.

Од Министерството потенцираат дека со извршена комплетна вакцинација граѓаните се заштитуваат себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од Ковид-19.

– Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот, информираат од Министерството и ги повикуваат сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време на еден од најблиските пунктови до местото на живеење.

Во текот на вчерашниот ден се аплицирани вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 како прва доза, 1.585 се ревакцини, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 19 октомври вкупно се вакцинирани 800.103 граѓани, ревакцинирани се 764.953, а трета доза примиле 1.292 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст, како што се посочува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.156 бројката на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998, а бројот на активни случаи изнесува 5.699.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 86640, Активни 2932

Куманово 11970, Активни 455

Тетово 10923, Активни 91

Прилеп 9295, Активни 207

Гостивар 7992, Активни 35

Битола 7283, Активни 175

Велес 6586, Активни 271

Кавадарци 6122, Активни 157

Охрид 6098, Активни 187

Штип 5991, Активни 183

Струмица 5861, Активни 128

Кичево 4059, Активни 79

Струга 3820, Активни 33

Кочани 3439, Активни 139

Гевгелија 2509, Активни 80

Неготино 2345, Активни 22

Свети Николе 1965, Активни 65

Радовиш 1568, Активни 42

Ресен 1565, Активни 33

Крива Паланка 1536, Активни 100

Дебар 1453, Активни 6

Берово 1222, Активни 12

Делчево 1136, Активни 18

Виница 1070, Активни 29

Пробиштип 972, Активни 52

Валандово 839, Активни 13

Кратово 628, Активни 45

Богданци 573, Активни 19

Крушево 541, Активни 11

Македонски Брод 476, Активни 3

Демир Хисар 468, Активни 29

Демир Капија 410, Активни 1

Македонска Каменица 341, Активни 42

Пехчево 318, Активни 3

Дојран 142, Активни 2

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk