logo
logo
logo

АКТИВНА БЛОКАДА за излез од националната криза и промена на власта

Vecer | 10.05.2022

АКТИВНА БЛОКАДА за излез од националната криза и промена на власта

ВМРО-ДПМНЕ денес и официјално ја почна најавената активна блокада на законодавниот дом. ВМРО-ДПМНЕ преку блокадата гледа излез од, како што велат, националната криза и начин за промена на власта – СДСМ пак вели да се откажат од платите и привилегиите и да се стават на платен список кај нивниот лидер Мицкоски. Доцнењето од скоро два часа на собраниската седница причина повеќе за расправата да прерасне во собраниски театар.

Партиите од албанскиот блок со свои гледишта по однос на блокадата на опозициската ВМРО ДПМНЕ  - дел од нив сметаат дека не е време за блокада, но е време за предвремени избори, другите, пак, не се согласуваат со ниту една од опциите кои ги бара ВМРО-ДПМНЕ.

Активната блокада која е прв чекор на ВМРО-ДПМНЕ ќе трае, како што велат од пратеничката група, се додека Ковачевски не се согласи и сам не побара предвремени парламентерни избори, а од партијата најавуваат и други активности за кои дополнително ќе информираат. Од СДСМ пак обвинија дека дека платите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ месечно го чинат собранието околу 40 илјади евра.

- Денешната пленарна седница е закажана за 11 часот, сега е 12:40 часот, а согласно членот 84 став 1 вели – „Седницата на Собранието почнува со работа на закажаниот термин со присутните пратеници“. Тоа значи дека еден час и 40 минути време потребно за дискусија за којашто молите и држите прес-конференции и повикувате вие и претседателот на Владата, и пратениците го злоупотребувате и не почнавме на време. Па вам почитувани колеги пратеници од власта не ви треба активна блокада, вие самите се блокирате, рече денеска Никола Мицевски, координатор на пратеничка група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната пленарна седница и додаде дека два часа од денешната седница се потрошија чекајќи ги пратениците од власт да се соберат.

- Доцниме два часа од почетокот на седницата, на којашто цела недела убедувате дека пратениците треба да присуствуваат, дека не е потребна блокада. Па, вие сте блокадата на државата. Вие сте тие што го кочите работењето на овој парламентарен дом, рече Мицевски и од собраниската говорница посочи дека активната блокада којашто ја имаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е за спас од национална катастрофа.

- Повикуваме на избори коишто ќе се излез од оваа криза којашто вие ја продуцирате. Ова е она што граѓаните односно народот во државата го бара. Активна блокада за спас од национална катастрофа! Активна блокада за спас од понижувањето кое што го правите! Активна блокада за спас од лицемерието коешто го покажувате секојдневно на граѓаните! Активна блокада за спас на економијата! Активна блокада за спас на енергетиката! Активна блокада за спас на земјоделците! Активна блокада за спас на сите граѓани! Национална катастрофа сте вие, ова што се случува во државата е национална катастрофа, порача Мицевски и уште еднаш појасни дека ќе бидат активно присутни тука, ќе бидат присутни за сите штетни политики коишто се планирани да се спроведат за да се спречат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk