logo
logo
logo

„Ако си соработник на Заев одиш во суд со рацете во џеб, во спротивно со лисици на раце одиш во притвор“

Vecer | 16.04.2021

„Ако си соработник на Заев одиш во суд со рацете во џеб, во спротивно со лисици на раце одиш во притвор“

Поранешниот секретар во премиерскиот кабинет и екс генерален секретар на Владата, Драги Рашковски денеска претпладне е донесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција претходно донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција.

Но она што најинтересно во случајот е што осомничениот Драги Рашковски во судот се појави без лисици и со рацете во џеб.

Од ваквиот настан и сплет на околности единствено можи да се заклучи дека доколку си соработник на Зоран Заев, и под сомневање за сторен криминал завршуваш со одземен пасош или во куќен притвор, а во суд одиш со рацете во џеб, во спротивно добиваш 30 дена затворски притвор и во суд те носат со лисици на рацете!

-Ако си соработник на Зоран Заев, за сомневање за сторен криминал завршуваш со одземен пасош или во куќен притвор, а во суд одиш со рацете во џеб. Во спротивно добиваш 30 дена затворски притвор и во суд те носат со лисици на рацете!, реагира лидрот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако во медиумите излезе видео од осомничениот Рашковски во Кривичниот суд се појави буквално со рацете во џеб.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција претходно донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција. Исто така приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.

 

Ако си соработник на Зоран Заев, за сомневање за сторен криминал завршуваш со одземен пасош или во куќен притвор, а во...

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, April 16, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk