Микробиологот д-р. Никола Пановски смета дека ако во јануари и февруари се ваквинираа повеќе луѓе ќе се спасеа барем 1.000 жители.

Тој за „Топ Тема“ на Телма рече дека сега не е толку важно дали ќе оди вакцинацијата брзо, бидејќи сега ситуацијата со вирусот е мирна, важно беше да се спречи ширењето во тие два месеци.

– За мене сега побитно е да има квалитетни вакцини и до крајот на септември да бидат вакцинирани сите што сакаат и оние што се премислуваат. По моја проценка тоа ќе бидат околу милион луѓе, што би се вакцинирале до септември, вели Пановски.