logo
logo
logo

Ако продолжи ова темпо короната, ЌЕ ИМА КОНЦЕРТИ И ЌЕ НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Vecer | 10.06.2021

Ако продолжи ова темпо короната, ЌЕ ИМА КОНЦЕРТИ И ЌЕ НЕМА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Ако продолжиме со ова темпо, полицискиот час ќе се укине, а се очекува да имаме концерти ова лето, семејни прослави. Нема ризик за организирање на такво нешто, кажа министерот Филипче за „Само вистина“ на Канал 5.

- Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема смртни случаи. Вакцината штити од тешка форма на болеста и смрт, посочи Филипче.

Тој очекува на почетокот на септември да биде вакцинирано 60 отсто од населението, што е сосема доволно да имаме одреден имунитет.

– Треба да се вакцинираат 1.200.000 лица. Кај нас се вакцинирани 50 отсто од оние кои се над 70 години, а 42 проценти од лицата над 65 години. И така беше предвидено во Националната стратегија за имунизација. Во овој момент, за вакцинација чекаат уште 180.000 граѓани. Од нив, 40 отсто се над 60 години и тие ќе бидат први вакцинирани, изјави Филипче.

Тој соопшти дека од утре ќе бидат дистрибуирани 30.000 вакцини од „Синовак“ добиени од Турција, а в понделеник стигнува новата количина на „Фајзер“.

– До крајот на следната недела, очекуваме да пристигнат 500.000 вакцини од „Синовак“. Со овие дози ќе се вакцинираат сите што чекаат и така бројот ва вакцинирани ќе достигне 430.000, што е околу една третитна од тие што треба да се вакцинираат. И тоа ни дава за право, да кажеме дека до крајот на летото, некаде почетокот на септември околу 60 отсто да бидат вакцинирани, што е сосема доволно да кажеме дека има одреден степен на имунитет, нагласи Филипче.

Во однос на тоа дали протерувањето на рускиот дипломат ќе придонесе да не стигнат нови количини на „Спутник“, Филипче рече дека Владата има одлична комуникација со рускиот амбасадор. Доцнењето на руските вакцини го гледа во тоа што Русија е зафатена со вакцинирање на своето население. Тој се надева дека вакцината „Спутник“, од 15 јуни, ќе може да ја добиеме од Србија.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk