logo
logo
logo

„Ако партиите од Коалицијата на Ковачевски и Ахмети им свртат грб, нема да помине францускиот предлог“

Vecer | 22.06.2022

„Ако партиите од Коалицијата на Ковачевски и Ахмети им свртат грб, нема да помине францускиот предлог“

Коалициските партнери во владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски. ДОМ, ДП, Партијата на пензионери, ВМРО НП и другите коалициски партнери во власта на СДСМ и ДУИ веднаш да излезат и да го отфрлат предлогот од Париз, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие посочуваат дека доколку тие излезат и го отфрлат предлогот и му свртат грб на Ковачевски, тој ќе нема друг избор освен и самиот да го отфрли, иако веќе го одобрил и прифатил, пред тој да биде пуштен официјално во јавност.

- Доколку партиите од Коалицијата на Ковачевски и Ахмети им свртат грб сега, тие нема да можат да направат ништо во однос на предлогот, зошто нема да имаат ниту мнозинство од 61 пратеник, истакнуваат од партијата.

Во соопштението се истакнува дека помалите партии во Коалицијата треба да излезат од сенката на СДСМ и ДУИ.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk