logo
logo
logo

Д-р Докиќ:

Ако немате антитела, а сте прележале ковид - ЗАШТИТЕНИ СТЕ!

Vecer | 25.09.2021

Ако немате антитела, а сте прележале ковид - ЗАШТИТЕНИ СТЕ!

Пулмологот Дејан Докиќ во гостувањето на телевизија Канал 5 рече дека тој е апсолутно против давањето антибиотик на ковид-пациенти и посочи дека лицата кои го прележале ковид-19 и да немаат антитела, тие сепак имаат имунитет.

- Антителата природно опаѓаат со тек на време, но тоа не значи дека пациентите не се имуни. Еве можеби да дојдат до нула, но ако се направат имунолошки испитувања, тогаш ќе видите дека имате имунитет. Тие помнат и го неутрализираат вирусот. Да не се плашат, оние кои прележале ковид-19 и да немаат антитела, се заштитени. Допрва ќе треба да се истражува колку трае имунитетот од прележан ковид. Јас сум против давање антибиотици. Апсолутно нема никаква индикација да се даде антибиотик за вирусна инфекција. Напротив, може да штети, во фаворизирање на резистентни соеви. Нерационалното давање антибиотици доведе до поголема резистентност на одредни бактерии. Ние викаме дека не треба да се препишуваат, вели д-р Докиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk