Јунските избори како референдум

Ако избега од изборите закажани за 5 јуни, СДСМ ќе се распадне

Македонските граѓани во повеќе наврати покажале дека не прават компромис кога станува збор за суверенитетот на државата. Референдумот за независноста беше вистински пример за тоа кога милион и половина граѓани излегоа со јасен став дека сакаат сами да ја уредуваат сопствената држава

Ако СДСМ не се појави на изборите на 5 јуни, на партијата и се заканува распаѓање. Политичките аналитичари убедени дека во периодот кој следи, Заев го чека силен притисок од партиското членство, но и меѓународниот фактор.


"Во периодот што следи Заев ќе биде под силен притисок како на меѓународниот фактор така и на сопственото членство да излезе на избори. Се сомневам дека соочен со кривичните пријави и слабиот рејтинг, Заев ќе направи се изборите да не се одржат. Но морам да предупредам дека доколку СДСМ не се појави на овие избори, партијата ќе се распадне", вели политичкиот аналитичар Александар Пандов.

Пандов цени дека денеска граѓаните се добро информирани и секој од нив може сам да донесе одлука за кого ќе гласа на изборите во јуни. Според него, пред народот се поставени два концепти од кои едниот нуди конкретни проекти, а другиот гола политика. Токму затоа, според Пандов јунските избори ќе бидат како референдум за граѓаните.


"Граѓаните на 5 јуни ќе го вратат суверенитетот кој СДСМ им го одзема и му го предаде на меѓународниот фактор. Заев ќе мора да ги плати сите фактури за сите злодела што и ги направи на Македонија", додава Пандов.

Македонските граѓани во повеќе наврати покажале дека не прават компромис кога станува збор за суверенитетот на државата. Референдумот за независноста беше вистински пример за тоа кога милион и половина граѓани излегоа со јасен став дека сакаат сами да ја уредуваат сопствената држава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари