logo
logo
logo

Ако е за утеха, СКОПЈЕ и не е така скапо! Од 209 града на 192. место во светот според трошоците за живот

Vecer | 22.06.2021

Ако е за утеха, СКОПЈЕ и не е така скапо! Од 209 града на 192. место во светот според трошоците за живот

Македонскиот главен град Скопје се наоѓа на 192-то место на листата на американската консултантска компанија „Мерсер“ на најскапи градови за живеење во светот, во конкуренција на вкупно 209 града.

Според листата од 2020 година, Скопје бил на 202 место, што претставува скок на листата од 10 места.

Најскап град за живеење во светот, според годинешното истражување на трошоците за живот спроведено од „Мерсер“, е  главниот град на Туркменистан, Ашкабад, а по него следат Хонг Конг, Бејрут, Токио и Цирих.

Годишниот извештај на „Мерсер“ рангира 209 градови во светот врз основа на споредба на трошоците за живот, што вклучува трошоци за домување, превоз, храна и забава, при што е користен го Њујорк како компаративна основа.

Што се однесува до најевтините градови, на „дното“ на листата на „Мерсер“ се наоѓаат Тбилиси, главниот град на Грузија (207 место), Лусака, Замбија (208) и главниот град на Киргистан, Бишкек (209).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk