logo
logo
logo

Ако е потребно ќе имало НОВИ МЕРКИ, Филипче најави на ФБ! Следбениците РАСПАЛИЈА!

Vecer | 15.09.2021

Ако е потребно ќе имало НОВИ МЕРКИ, Филипче најави на ФБ! Следбениците РАСПАЛИЈА!

Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме, објави денеска на својот Фејсбук-профил се уште актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека изутрината на редовна координација со директорите на клиниките разговарале за болничките капацитети, состојбата на болните и актуелната епидемиолошка состојба.

-Во ковид – центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој, напиша Филипче.

Под објавениот пост, што неговите следбеници го дочекаа на нож, се нижат разно-разни коментари. Пренесуваме само дел од нив:

 

- Проценката дека „Претстојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации“, се должи на фактот дека во време кога се очекува нов бран ние тераме попис и избори?

ЗА влез во кафич се бара вакцинален сертификат, а за влез на попишувач дома не? За влез во кафана мора вакцина, а членови на избирачки одбори може и да не се вакцинирани? Која е логиката министере?

- Кога веќе се понашате како ништо да не се случило, барем некој да ни каже дека ,,оставката" не е прифатена! 🤔

- Министре шо стана со оставката? За еден другар прашувам...

- Абре како не ти е срам уште да се појавуваш во јавност...

- Ја загинале оставката- не важи...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk