logo
logo
logo

Ако Алеанса и Алтернатива не сакаат утре да направат кворум, СДСМ во скафандери ќе ги донесат пратениците кои се во изолација

Vecer | 17.04.2021

Ако Алеанса и Алтернатива не сакаат утре да направат кворум, СДСМ во скафандери ќе ги донесат пратениците кои се во изолација

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 14 часот ја закажа 32. седница со 21 точка, меѓу кои и Националната стратегија за борба против корупцијата. По неа ќе се одржи 36. седница, на која треба биде изгласан петтиот пакет економски мерки за да може фирмите на своите работници да им исплатат плати.

До денеска, нема договор со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од која се потребни неколку пратеници да се присутни на седница, зашто нема кворум поради тоа што има тројца пратеници од власта позитивни на коронавирус. Кворум може да обезбедат и пратениците од албанската опозиција.

Неофицијално, утре едната пратеничка од СДСМ излегува од изолација.

„Ако не сакаат Алијанса за Албанците/Алтернатива да дојдат утре за кворум и за гласање, останува опцијата да се донесат во скафандери колегите кои се во изолација”, велат пратеници од владејачкото мнозинство, пренесува СДК.МК.

Утрешната седница е закажана по реакциите во јавноста од однесувањето на сите 120 народни избраници, заинаетени и секој со свои желби на која седница сака да присуствува, а на која не. Џафери кажа дека нема да им попушта повеќе, зашто таму се за да седат на сите седници и да гласаат секој по свое лично убедување, а не само да доаѓаат да се потпишат за патни трошоци и да ги снема.

Извор: сдк.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk