Ахмети: Сме чекале 150 години ќе почекаме уште неколку дена за Законот за јазиците

Да се организира прослава за независноста на Косово во Македонија е морална и национална одговорност, смета лидерот на интегративците. Десетгодишниот јубилеј Али Ахмети го организирал во Скопје како благодарност, оти Косово им дало образование на Албанците од Македонија.. Прашан зошто никогаш не присуствуваше на ниту една прослава на независноста на Македонија на 8 септември или 2 август, Ахмети одговори дека не бил канет, но многу ги почитувал и двата датуми.

„Јас имам високо мислење за Илинденското востание и имам високо мислење и за независноста на Македонија, иако јас не учествувам", изјави Ахмети.

Вели дека со децении преживувал тортура од УДБА борејќи се за мајчиниот јазик – а сега, е на чекор да го официјализира во Македонија како втор службен јазик.. Ахмети откри дека комуницира со опозицијата за законот за јазиците. Најави средба со лидерот Христијан Мицкоски и порачува дека е потребна посилна соработка меѓу власта и опозицијата.

„Законот за јазиците е веќе усвоен. Сме чекале 150 години ќе почекаме уште неколку денови да се официјализира", вели Ахмети.

Ахмети не планира да го разубедува Мицкоски да ги повлече амандманите но, е оптимист дека законот наскоро ќе почне да се применува. Неодамна и претседателот на Собранието Талат Џафери изрази надеж дека ќе се најде компромис за законот. Денеска Џафери, во друштво на Ахмети и останатаите сопартијци исто така беше дел од прославата на Независноста на Косово.

Поврзани

Најнови вести

Коментари