logo
logo
logo

Ахмети пак ЗАПЕА И ПАК ГО ОБЈАВИ ГРУБИ, само сега има и косовски пејач (ВИДЕО)

Vecer | 20.03.2023

Ахмети пак ЗАПЕА И ПАК ГО ОБЈАВИ ГРУБИ, само сега има и косовски пејач (ВИДЕО)

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети повторно се распеа и повторно снимката ја објави вицепремиерот Артан Груби во пресрет на митингот на партијата во Чаир, во период кога огнената група зема се поголем замав.

На видеото може да се види како претседателот на ДУИ пее народна песна, придружуван од косовски пејач Илир Шаќири.

Во јануари годинава, Ахмети пееше песна, која дел од јавноста веднаш ја протолкува како одговор на „Огнената група“. Минатата година, беше прикажан со цигара во рака, како пее песна посветена на диктаторот Енвер Хоџа.

За денеска во Чаир е најавен голем митинг на ДУИ. Како што најави Груби, се очекува да биде „историски митинг“, на кој што главен збор ќе има токму Ахмети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk