Ахмети: Oпозицијата треба да ги стави пред се државните интереси

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети првиот дел од денешната средба ја оцени најпозитивно, имајќи предвид дека Владата се повлече од првичните позиции во интерес на државата и за опозицијата да го добие тоа што го бараше.

Ахмети вели дека вториот дел од средбата за него бил разочарувачки.

Конечниот став на ДУИ е дека треба да се имаат предвид државните интереси, а тие се да бидеме членка на ЕУ и НАТО.

„Позицијата ги бранеше државните интереси. Разликите се во прашањето кое што треба да се постави на референдумот. Се разбира дека нормалниот тек на референдумот зависи и од прашањето кое што ќе го поставите. Во овој случај сакам да истакнам дека сите ние треба да ги ставиме државните интереси пред партиските интереси. И сметам дека во оваа ситуација опозицијата треба да ги стави пред сè државните интереси" – изјави Ахмети.

Тој рече дека дискутирани се многу детаљи и дебатирано е доста за ова прашање.

извор faktor.mk

Поврзани

Најнови вести

Коментари