Ахмети од Куманово: На 30 септември колку повеќе да излеземе, толку посилни ќе бидеме

Демократската унија за интеграција во текот на денешниот ден одржа средба со граѓаните во Куманово, каде ги информираше граѓаните во врска со важноста од гласањето на 30 септември што воедно е и историски датум за Македонија, бидејќи како никогаш порано ова земја е близу членството во НАТО.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека на 30 септември се гласа за стабилност, за мир, се гласа за безбедност како основен предуслов за економски развој и напредок.

,,Нема економија, нема инвестиции без одржлив мир и безбедност. На 30 септември се гласа за подобри меѓуетнички односи, на 30 септември се гласа и за генерациите што ќе се родат, затоа што план Б нема, единствената алтернатива е овој проект на 30 септември да се гласа и да биде успешен. На 30 септември се гласа за концепт, ќе бидеме со западен или источен концепт или филозофија. Колку повеќе ќе излеземе на 30 септември, толку посилни ќе бидеме, нема враќање назад, тие што мислат дека има враќање назад, само сонуваат дека ќе одиме напред”, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Централниот штаб на ДУИ следната активност во рамките на кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември ќе ја одржи во село Семениште и во Општина Сарај.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари