logo
logo
logo

По 20 години владеење

Ахмети за прв пат не успеа да ,,превесла” незадоволни функционери на ДУИ

Vecer | 29.09.2022

Ахмети за прв пат не успеа да ,,превесла” незадоволни функционери на ДУИ

За прв пат по 20 години откако дојде на чело на партијата Али Ахмети не успева на средба или во очи да ги смири незадоволните членови на таканаречената ,,Огнена група”.

Сега во негов стил незадоволните кои можат да ја урнат владата велат дека состанокот со него минал добро но тие не се повлекуваат од барањето Ахмети да го даде ,,курбан” Груби за да не прават нова партија.

https://vecer.mk/makedonija/ahmeti-udri-po-musa-dhaferi-i-medhiti-dui-mozhe-bez-sekogo/

Секогаш кога предходно незадоволни членови доаѓале кај него заминувале со договор за продолжување на соработка, сега изјавите говорот дека Ахмети ја загубил моќта на убедување.

„Огнената група“ од ДУИ која неодамна излезе со отворено писмо револтирана од првиот вицепремиер Артан Груби и побара промени во партијата, денеска беше на средба со партискиот лидер Али Ахмети во седиштето на интегративците во Мала Речица.

https://vecer.mk/makedonija/ognenata-grupa-vo-dui-bara-smena-na-artan-grubi/

На два оддели состаноци биле членови на ограноците од Сарај и Чаир, предводени од градоначалниците на овие општини, Блерим Беџети и Висар Ганиу, како и пратеникот од Чаир Изет Меџити.

И едниот и другиот објавија фотографии со Ахмети нарекувајќи го „претседател и пријател“, но и порачаа дека не се откажуваат од позициите против извршната власт на ДУИ која ја предводи Артан Груби.

„Заедно со претседателот и мојот пријател Али Ахмети и цврсто на мојот став против извршната власт“, напиша Беџети на фотографијата со партискиот лидер.

Слична порака напиша и Меџити кој објави фотографија на која покрај него и Ахмети, се и други претставници на ДУИ од Чаир меѓу кои и градоначалникот Висар Ганиу.

„Заедно со лидерот Али Ахмети и цврсто во ставот против извршната власт“, напиша Меџити.

На средбата со огранокот од Сарај бил и пратеникот Арбен Зибери, кој доаѓа од оваа Општина, но не беше потпишан на писмото што излезе минатиот викенд. Во изјава за медиумите тој рече дека на состанокот владеела релативно позитивна атмосфера и отворено се разговараше за сите работи внатре во партијата. Исто така, порача дека ДУИ и овој пат ќе излезе многу посилна и пообединета.

-Овие работи треба да се поправат, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешната средба со членовите на партиските ограноци од Чаир и Сарај, кои пред неколку дена преку писмо обвинуваа дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување, станало индивидуално.

– Со овие пресметки се занимавам веќе 20 години. Извршната власт има други проблеми, органоците и општините имаат други проблеми и природно се појавуваат противречности меѓу овие институции, што е природно. Со извршната власт, раководители на ограноци зборувавме да се средат тие нејаснотии, недоразбирања. Во спротивно, нема ништо загрижувачко. Нема ништо од тоа што се зборува дека ќе се создаде нова партија, изјави Ахмети.

Според него, средбите се конструктивни и треба да постои дебата. Денешната средба со ограноците од Сарај и Чаир поминала добро и посочи дека ништо не е непоправливо.

– Меѓучовечките односи се над се. Функциите доаѓаат и си одат, но човештвото останува. И во семејството имате кавги и никој не може да каже дека има идеални односи, но може да се случат и несогласувања. Но, да најдеме енергија да ги надминеме овие несогласувања бидејќи ни претстојат големи цели, рече Ахмети.

Покрај споменатите градоначалници – Беџети и Ганиу и пратеникот Меџити, на писмото од „огнената група“ објавено во саботата беа потпишани уште двајца актуелни функционери од ДУИ: Пратеничката од Чаир Мерита Колчи Коџаџику и заменик-министерот за одбрана Башки Хасани.

Тие побараа од Ахмети да го врати партиското единство и да ја заврши внатрепартиската „војна“, а го обвинија вицепремиерот Артан Груби дека како дел од извршната власт сам одлучувал за кадровските поставувања и дека дилетантски се однесувал, со што се придонело кон револт и пасивност на гласачкото тело што, пак, резултирало со лоши изборни резултати на последните избори во Тетово.

https://vecer.mk/makedonija/dali-bujar-osmani-kje-bide/

Обвинија и дека во партијата не постојат и не се формираат статутарните партиски органи, дека политичкото одлучување станало индивидуално, како и дека не постои дебата и консултација со базата.

По ова следуваше изјава на Ахмети во која тој застана во одбрана на Груби и порача дека се може и без него лично, но и без Беџети, Меџити и други.

https://vecer.mk/makedonija/dochi-nikoj-nema-pravo-da-se-krie-zad-likot-na-ali-ahmeti-najmalku-artan-grubi/

Според неофицијалните најави ,,Огнената група” ќе прави посебна пратеничка група а најверојатно и партија ако Груби не ги напушти сите функции во ДУИ.

https://vecer.mk/makedonija/bujar-demantira-deka-kje-go-smenat/

Фото: VALDRIN XHEMAJ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk