Ахмети е загрижен поради опструкции во процесот на уставните измени

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, одржа работен состанок со Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар. Како што соопшти партијата на Ахмети, двајцата разговарале за процесот на уставните измени, системските реформи и околу политичката ситуација во земјата.

Ахмети пред Жбогар ја истакнал својата загриженост за постоењето на опструктивни струи во однос на Преспанскиот Договор и уставните измени.

„Овие клучни моменти за земјата и регионот бараат посветеност од сите, институциите, политичките партии, граѓанското општество, медиумите и други. Овој процес е неповторлив и истиот е од апсолутна важност за обезбедување на нашиот Евроатлантски пат“, смета Ахмети кој пред амбасадорот Жбогар посочил на одговорноста на секоја институција и на секоја индивидуа за да се обезбеди успех во овој процес.

Соговорниците дискутирале и за системските реформи и помирувањето како поврзани процеси, соопшти ДУИ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари