Ахмети до холандскиот амбасадор: ДУИ го поддржува дијалогот за решавање на спорот за името

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска се сретна со Амбасадорот на Холандија во Македонија, Ваутер Пломп. Двајцата разговараа околу политичките случувања, спорот со името, законот за јазиците како и за Евро-атланската интеграција.

Ахмети ги елаборираше ставовите на ДУИ околу разговорите за прашањето за името со Грција, посредувани од страна на медијаторот Метју Нимиц.

„ДУИ поттикнува брзо решавање на овој пролонгиран проблем и целосно го поддржува директниот дијалог кон решението“, рече Ахмети.

Тој го повтори ставот за Законот за јазиците, нагласувајќи дека конечното одобрување е прашање на денови и дека сите треба да дадеме придонес за успешно заокружување на нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор. Соговорниците исто така, разменија мислења околу работата на Собранието и извршната власт, при што, лидерот на ДУИ Али Ахмети ги истакна своите најголеми очекувања во решавањето на секојдневните предизвици.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари