logo
logo
logo

Агрономите со став дека палењето на стрништата е штетно за почвата

Vecer | 19.01.2022

Агрономите со став дека палењето на стрништата е штетно за почвата

Земјоделските навики за палење на стрништата по жетвата на оризот и на житените културни не се менуваат. Штипскиот агроном, Љупчо Иванов со неколкудецинско искуство, ги советува земјоделците дека палењето на стрништата е штетно за почвата. – Целиот азот што го има во почвата се уништува. Знаеме дека азотот е иницијалната каписла за растот и развојот на растенијата, кои потоа се развиваат во стебленца и даваат род. Се уништува целата микрофлора, односно се уништуваат сите микроорганизми. Палењето на стрништата е катастрофа, вели Иванов. Посочува дека ако една година се насади пченица и се примени неговиот начин на третирање на земјоделските остатоци, до година може да се роди за 50 проценти повеќе јачмен. Според него, стрништата се палат од неискуство и незнаење. Лани во источниот регион изгореа околу 1.000 хектари стрништа, од кои половина и неожнеани житни култури, лозја, овошни насади, а настрадаа и викендици, куќи, како и фотоволтаична централа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk