Агресивен Французин уапсен во центарот на Скопје

31-годишен француски државјанин вчера попладне е уапсен во центарот на Скопје, откако бил агресивен кој полицаец и не почитувал наредба која му ја издал, соопшти МВР.
„На 24.03.2023 во 13.30 часот на подрачје на Центар од полициски службеници е приведен A.Г.М.(31) од Р. Франција затоа што агресивно се однесувал и не почитувал наредба издадена од полициски службеник кој вршел службени дејствија“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.