logo
logo
logo

Агент за недвижности од Скопје еден стан „продал“ на ДВЕ ЖЕНИ!

Vecer | 28.09.2021

Агент за недвижности од Скопје еден стан „продал“ на ДВЕ ЖЕНИ!

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против О.С.(47) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Имено, во временскиот период јули-септември 2020, со намера да се стекне со  противправна имотна корист, О.С. сторил две кривични дела „измама“, при што како вработен агент за недвижности во приватна агенција од Скопје, ги довел во заблуда И.К. и С.А., двете од Скопје, на кои им зел капар за продажба на два стана во изградба, но  земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен.

Извршувајќи ги овие дела О.С. се стекнал со противправна имотна корист од околу 110.000 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk