logo
logo
logo

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија

Vecer | 06.12.2022

Агелер: Тим за санкции од Вашингтон ќе сузбива корупција во Македонија

Американската амбасадорка Анџела Агелер започнува со сериозни проекти за работа. Прв таков проект веќе најави, а ќе се истражува корупцијата во нашата држава, како за сегашните, така и за поранешните функционери. „Тимот за санкции“ пристигна во Македонија, а за тоа се огласи амбасадорката на нејзиниот Твитер профил. Ова следува неколку дена откако Габриел Ескобар, заменик-помошник на државниот секретар на САД, изјави дека американските санкции за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека САД ќе продолжат со санкционирање корумпирани функционери од регионот. Американската амбасадорка функцијата официјално ја презема претходниот месец, а деновиве оствари средби со високи владини претставници. Во текот на вчерашниот ден се сретна и со вицепремиерот Груби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk