logo
logo
logo

УСАИД обезбедил 840 милиони долари за 30 години = 28 милиони долари годишно

Агелер: КОРУПЦИЈАТА ГО КОЧИ НАПРЕДОКОТ, иако чекорите кон ЕУ

Vecer | 02.12.2022

Агелер: КОРУПЦИЈАТА ГО КОЧИ НАПРЕДОКОТ, иако чекорите кон ЕУ

“Соединетите Држави постојано ја поддржуваат целта на Северна Македонија да биде добро управувана, демократска земја, нудејќи еднакви можности за сите нејзини граѓани, уште од стекнувањето на независноста во 1991 година. Фокусот денес е на подобрување на економската продуктивност, поттикнување на младите да преземат активна улога во иднината на земјата и намалување на корупцијата. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија.“

Ова го истакна американската амбасадорка Анџела Агелер во обраќање на настанот во Скопје по повод одбележувањето на 30 – годишнината од партнерството на УСАИД – Американска агенција за меѓународен развој со Северна Македонија.

Таа нагласи дека во текот на изминатите три децении, односот со земјава еволуираше во стратешко партнерство и сојуз и сега, вели, работиме заедно како рамноправни партнери – и пријатели – за заеднички да создаваме и имплементираме локални решенија и да донесеме одржлив развој и позитивни промени.

-Сега повеќе се фокусираме на вашето лидерство и инвестирање во три клучни области: подобрување на економската продуктивност, поттикнување на младите да преземат активна улога во иднината на земјата и намалување на корупцијата. Последново – намалувањето на корупцијата – е важно затоа што корупцијата во која било форма ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство, порача амбасадорката Агелер.

Горди сме што бевме ваш партнер во изминативе 30 години, рече Агелер, во кои бевме сведоци на значителни промени во овој период, но, подвлече, пред вас има уште многу предизвици.

-Соединетите Држави ќе продолжат да бидат тука за да ги поддржат вашите напори, и со нетрпение очекувам заеднички да ги продолжиме тие напори. Да продолжиме со партнерството за подобра иднина!, истакна американската амбасадорка Анџела Агелер.

УСАИД го одбележа 30-годишниот јубилеј со културно-уметничка програма во осум градови во земјава преку која се истакна соработката со граѓаните на Северна Македонија во однос на поттикнување на реформите кои и помагаат на земјата на патот кон евроатлантските интеграции. Слични настани беа организирани во седум градови, а со денешната манифестација во Скопје завршувуваат активностите по повод јубилејот.

Од отворањето на Канцелариите на УСАИД во земјата во 1992 година во текот на изминатите 30 години, Американската агенција обезбеди за земјава повеќе од 840 милиони американски долари развојна помош, која што беше наменета, пред се, за зајакнување на образованието, економскиот раст, демократијата и владеењето.

Тоа значи дека годишно се трошеле по 28.000.000 долари во изминатите 30 години.

Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) е основана на 3 ноември 1961 година со усвојувањето на Законот за странска помош од страна на Конгресот. Таа обедини неколку постоечки организации и програми за странска помош, а предводник на оваа трансформација беше претседателот Џон Ф. Кенеди.

Кенеди кој ја препозна потребата да се обедини развојот во единствена агенција одговорна за администрирање на помош за странски земји за промовирање на социјалниот и економскиот развој

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk