logo
logo
logo

Агатангел: ЛАНИ НЕ ЗАТВОРИЈА за најголемиот христијански празник Велигден

Vecer | 10.03.2021

Агатангел: ЛАНИ НЕ ЗАТВОРИЈА за најголемиот христијански празник Велигден

Владиката Агатангел во гостувањето во „Што не е јасно“ на Алфа ги коментираше владините мерки и полицискиот час истакнувајќи дека минатата година не затворија за најголемиот христијански празник Воскресението Христово, додека за другите празници од другите вероисповести беше се слободно.

Во однос на тоа што повторно наближува Велигден тој вели дека посетата на верниците во црквите нема да резултира со проблеми по здравјето на граѓаните.

-Луѓето се исплашени, се трудиме кога ќе дојдат во црква да се носат маски и да се заштитиме, затоа што не сакаме црквата да е причина никој да заболи, тешко е им и на свештениците затоа мислам дека не е помогнато особено не на епархиите од страна на државата, а се трудиме да ги почитуваме мерките, вели Владиката.

Во однос на вакцините Владиката порача дека граѓаните треба да се вакцинираат по сопствено убедување, пожелно е да се вакцинираат сите граѓани, а тоа е одлука која треба сами да ја проценат луѓето.

-Многу семејства останаа без своите блиски и луѓето се навистина исплашени од пандемијата, посочи Агатангел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk